Надежда Петровиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Nadezda Petrovic.jpg
Роден 12 октомври 1873
Чачак, Кнежевство Србија
Починал 3 април 1915(1915-04-03) (воз. 41 г.)
Ваљево, Кралство Србија
Националност Србинка
Познат Сликарство

Надежда Петровиќ (Чачак, 12 октомври 1873Ваљево, 3 април 1915) била најзначајна српска сликарка од крајот на 19 и почеток на 20 век.

Биографија

Родена е во Чачак на 12 октомври 1873 година од татко Димитрија - Мите Петровиќ и мајка Милева, која била роднина со Светозар Милетиќ.[1] Семејството имало 13 деца од кои 9 преживеале. Помладата сестра на Надежда била писателката Милица Мишковиќ, а најмладиот брат писателот Растко Петровиќ.[2]

Во 1884 година со семејството се преселила во Белград. Завршила Виша женска школа во Белград во 1891 година, а наредната година го положила испитот за наставничка по цртање, и станала ученик во атељето на Ѓорѓе Крстиќ. Во 1896/97 година учи кај Кирил Кутлик, а во 1898 година во Минхен кај Словенецот Антон Ажбе.

Во 1900 година ја имала својата прва самостојна изложба во Белград, а наредната година почнала да работи во атељето на Јулиус Екстер во Минхен. На 26 август 1903 година, со Делфа Иваниќ и Милица Добри го основала хуманитарното друштво „Коло на српските сестри“,[3] како одговор на погромите над христијаните во Македонија, односно тогаш нарекувана Стара Србија. Надежда со Милицом Добри кон крајот на 1903 година заминала за Македонија и ја делела хуманитарната помош што ја собрало друштвото. Своите импресии од ова патување Надежда ги запишала во драмата „Војвода Мицко Поречки“, каде главен лик е војводата Мицко Крстиќ. Оваа драма не била објавена за време на нејзиниот живот. Од 1904 година била ангажирана околу првата југословенска уметничка изложба, основањето на уметничкото друштво „Лада“, и првата уметничка колонија во Сиќево, кај Пирот.Се занимавала и со ликовна критика.

До 1912 година учествувала на бројни изложби, меѓу кои во Љубљана, во Париз, во Загреб, во Рим, и на други места. Во Белград во 1912 година отворила сликарска школа и учествувала на четвртата југословенска изложба.

Податотека:Надежда Петровић ратна болничарка.JPG
Надежда Петровиќ како воена болничарка

Се пријавила како доброволец во Првата балканска војна, и учествувала како болничарка на фронтот. Умрела во Ваљево на 3 април 1915 година, од тифус, додека била на должност како болничарка. Во Чачак од 1960 година се одржува сликарско биенале под името „Меморијал на Надежда Петровиќ“.

Дела

Сликарството на Надежда Петровиќ било во чекот со европскиот експресионизам.

На нејзините најдобри дела доминираат големи површини со црвена и зелена боја. Сликала портрети, како и теми од националната историја на Србија.

Гробот на Надежда на новите гробишта во Белград

Во текот на балканските војни и Првата светска војна, се занимавала и со фотографија, како прва жена воен фотограф. [4]

Галерија

Наводи

Литература

  • Пантелић, Ивана; Милинковић, Јелена; Шкодрић, Љубинка (2013). Двадесет жена које су обележиле XX век у Србији. Београд: НИН. 
  • Јанковић, Оливера (2003). Надежда Петровић — између уметности и политике. Београд: Сигнатуре. 
  • Мереник, Лидија (2006). Надежда Петровић:пројекат и судбина. Београд: Војноиздавачки завод; Топи. 
  • Амброзић, Катарина (1978). Надежда Петровић 1873-1915. Београд: Српска књижевна задруга. 
  • Живковић, Станислав (1966). Надежда Петровић (1873 — 1915). Нови Сад: ЗЛУМС. 
  • Протић, Миодраг Б. (1970). Српско сликарство XX века; кињга I'. Београд: Нолит. 
  • Трифуновић, Лазар (1973). Српско сликарство 1900-1950. Београд. 
  • Каталог сталне поставке са водичем кроз збирке. „Уметничка галерија „Надежда Петровић““ (Чачак). 
  • 'Надежда Петровић 1873-1915, ПУТ ЧАСТИ И СЛАВЕ'. „(каталог)“ (Београд). 

Надворешни врски