Роберт Фалкон Скот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Фалкон Скот
Роберт Фалкон Скот во целосна регалија: ова беше репродуцирано како фронтполис за Скотското патување на откритието (Лондон 1905)
Роден(а) 6 јуни 1868
Плимут, Девон, Англија
Починал(а) 1912 март 29 (возраст: 22)
Рос Хед Рок, Антарктик
Образование Поморска кадетска програма, ХМС Британија ]
Сопружник Кетлин Скот

Роберт Фалкон Скот 6 јуни 1868 - 29 март 1912) бил англиски истражувач.

Тој починал од студ и глад при неговото враќање од Јужниот Пол, на кој пристигнал на 17 Јануари 1912, пет седмици по Норвежанецот Роалд Амундсен. Тимот за спасување ги пронашол замрзнатите тела на членовите на неговата експедиција во близина на еден од антарктичките резерви. Тој, исто така, го нашол и неговиот дневник во кој ги опишал агонијата на членовите на експедицијата.

Пред неговото назначување да ја предводи експедицијата на Дискавери, Скот ја градел кариерата на поморски офицер во Кралската морнарица. Во 1899 година, тој имал шанса да се сретне со Сер Клеменс Маркхам, претседател на Кралско географско друштво, и на тој начин дознал за планираната експедиција на Антарктикот, која наскоро доброволно се пријавил да ја води. [1] По преземањето на овој чекор, неговото име станало неразделно поврзано со Антарктикот, полето на работа на кое тој останал посветен во последните 12 години од својот живот.

Следејќи ја веста за неговата смрт, Скот станал славен херој, статус што се рефлектира од спомениците подигнати низ Велика Британија. Меѓутоа, во последните децении на 20 век, Скот станал фигура на контроверзност, со прашања покренати за неговата компетентност и карактер. Коментаторите во 21-от век сметаат дека Скот е попозитивен по проценката на падот на температурата под -40 степени во март 1912 година и по повторното откривање на писмените наредби на Скот од октомври 1911 година, тимови да се состане и да му помогнат при враќањето.

Семејство

Скот бил роден на 6 јуни 1868 година, трето од шестте деца и постар син на Џон Едвард, сопственик на пиварница и судија, и Хана (родена Куминг) Скот од Стоук Дамерел, близу Девонпорт . Исто така имало и поморски и воени традиции во семејството. Дедото на Скот и четирите чичковци служеле во армијата или морнарицата. [2] Скот во раните детски години бил спокоен, но неколку години подоцна, кога ја основал поморската кариера, семејството ќе страда од сериозни финансиски неприлики. [3]

Во согласност со семејната традиција, Скот и неговиот помлад брат Арчи биле предодредени за кариера во вооружените служби. Скот поминал четири години во локално училиште пред да биде испратен во Стабингтон Хаус Скул во Хемпшир, каде се подготвувале кандидати за влезните испити за поморски бродови, како што е ХМС Британија во Дартмут. Откако ги положил овие испити, Скот ја започнал својата поморска кариера во 1881 година, како 13-годишен кадет.

Популарен херој

"Дискавери" се вратил во Британија во септември 1904 година. Експедицијата била во фокусот на јавноста и Скот стана популарен херој. Тој бил награден со почести и медали, вклучувајќи многу од странство и бил унапреден во ранг на капетан. [4] БИл поканет во Замокот Балморал, каде што кралот Едвард VII му го доделил Кралскиот викторијански ред.

Следните неколку години на Скот bile преполни. Повеќе од една година тој бил окупиран со јавни приеми, предавања и пишување на записi за експедиција, "Патувањето на откритието". Во јануари 1906 година, продолжиl со својата поморска кариера, најпрво како помошник-директор на Поморска разузнавачка служба во Адмиралството, а во август, како капетан под команда на на адмиралот Џорџ Егертон. Тој тогаш се движел во уште поголеми општествени кругови.

Наводи

  1. Crane, стр. 82.
  2. Crane, стр. 14-15.
  3. [www.amnh.org/exhibitions/past-exhibitions/race-to-the-end-of-the-earth/scott-s-expedition „Скотска експедиција“]. www.amnh.org/exhibitions/past-exhibitions/race-to-the-end-of-the-earth/scott-s-expedition. посет. 15 јуни 2014 г. 
  4. Crane, стр. 309.

Литература

  • Caesar, Adrian: The White: Last Days in the Antarctic Journeys of Scott and Mawson 1911–1913 Pan MacMillan, Sydney, 1999,
  • Huxley, Elspeth (1977). Scott of the Antarctic. London: Weidenfeld & Nicolson. ISBN 978-0-297-77433-4. 
  • Tally, Ted: Terra Nova: a play [1], Dramatist's Play Service, 1981

Надворешни врски

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: