Старо Коњарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Старо Коњарево
Staro Konjarevo (5).jpg

Куќи во Старо Коњарево

Старо Коњарево се наоѓа во Republic of Macedonia
Старо Коњарево
Местоположба на Старо Коњарево во Македонија
Координати 41°21′57″ СГШ 22°57′18″ ИГД / 
Регион Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Novo Selo Municipality (2014).svg Ново Село
Население 611 жит.
(поп. 2002)
Мреж. место Старо Коњарево
Commons-logo.svg Старо Коњарево на Ризницата
Старото училиште во селото.
Реката Стар Дол низ селото.
Месната заедница.
Друг поглед на Старо Коњарево

Старо Коњарево — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба

Старо Коњарево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Селскиот атар е сместен на тромеѓата помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Низ селото тече реката Стар Дол, која го дели на два дела. Од најблискиот град Струмица е одалечен 32 километри.

Историja

Антика

Во близина на селото се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Голема трпеза“. Селото го добило името од зборовите „коњ“ и „рев“, што значи коњско ревање. Според друга легенда, Старо Коњарево го добило името по Беласичката битка од 1014 година и загинувањето на македонските војници, односно според плачот на нивните најблиски, кои обвиени во тага, силно ревале над нивните тела.

Среден век

Селото за првпат се споменува во повелбата на српскиот крал Стефан Дечански од 1328 година, кога тој го подарува на манастирот Хиландар, а се споменува и во повелбите на неговиот наследник, најголемиот српски средновековен цар Стефан Душан (вл. 1331-55).

Отоманско Царство

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Демографија

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Комарани. Во истата година, во селото живееле 5 муслимански и 55 христијански семејства[1].

Во текот на XIX век, селото било со мешано население. Според Васил К’нчов, во 1891 година во Конарине живееле 315 семејства, од кои 300 турски и 15 македонски[2].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 611 жители. Следува табела на народносниот состав на населението[3]

Народ Вкупно
Македонци 611
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
други 0

Население

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 570 645 742 847 887 900 616 611
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Општествени институции

Културни и природни знаменитости

Наводи

Надворешни врски