Тибет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тибетската Висорамнина

Тибет (тибетски: བོད་Вајли: Bod, изговор [pʰø̀ʔ]; кинески: 藏区, пинјин: Zàngqū; монголски: Tövd) — подрачје во Централна Азија, дом на тибетскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.

Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните покраини Амдо, Кам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, покраини која ги опфаѓа само У-Цанг и западниот регион Кам. Источниот дел на регионот Кам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските покраини Ќингхај, Гансу, Јинан и Сечуан.

Знамето на Тибет

Моменталната верзија на тибетското знаме ја претставил XIII далај-лама во 1912. Во минатото Тибет бил независна држава и поради тоа некои го оспоруваат правото на властите на НР Кина на тој простор. Во периодот кога Тибет бил во составот на Монголското и Кинеското царство успеал да сочува одреден степен на самостојност.

Во 1951 година Тибет бил окупиран од страна на НР Кина. Владата на Тибет предводена од XIV далај-ламa во 1959 била присилена да ја напушти татковината и вспоставила влада во егзил во Дармсала во северна Индија. Владата во егзил бара независност на Тибет, повикувајќи се на историското право и постоење на древната тибетска држава. Таа продолжила да го користи знамето, чие прикажување влаадата на Кина го има забрането за да ги одврати тежнеењата за независност.

Етимологија

Името Тибет, кое се користи во повеќето европски јазици потекнува од арапскиот или персискиот Töbän - висина, висорамнина. Тибеќаните својата татковина ја нарекуваат Бод (така се изговара по некои тибетски дијалекти). Се смета дека надобар превод на тој збор е „Татковина“. Кинеското име за Тибет е Ш'иѕан'. Постојат повеќе значења на ова име.

Галерија

Надворешни врски