Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 98.393 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Abraham Willaerts, Galley and men of war.jpeg

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на римското царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземноморски држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венецијанската република, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот
Edvard Munch - Madonna - Google Art Project (495100).jpg
Мадона (1895–1902) — дело на норвешкиот експресионистички сликар Едвард Мунк (1863–1944).

Бујниот оган (1923) — француски нем филм со Иван Мозжухин.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Страничен поглед на споменикот „Валхала“
На денешен ден…

Денес е 23 јануари 2019 г.

Настани:

1556  Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери (тнр. јаодунг) ископани во растресита глина.
1793  Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960  Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
1968  Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973  Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
1991  Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
2015  Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.

Родени:

1783  Мари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на францускиот реализам.
1832  Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1872  Јоже Плечник — словенечки архитект.
1878  Отон Жупанчич — словенечки поет.
1910  Џанго Рајнхард — француски гитарист.
1928  Жана Моро — француска глумица.
1940  Питер Фонда — американски глумец.
1943  Гери Бартон — американски џез-музичар.
1945  Тито Петковски — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија.
1956  Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите „Смак“ и „Бијело дугме“.
1967  Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови.
1969  Никола Ристановски — македонски глумец.
1970  Аријан Комазец — хрватски кошаркар.
1982  Карол Бјелецки — полски ракометар.
1984  Арјен Робен — холандски фудбалер.
1996  Рубен Лофтус-Чик — англиски фудбалер.

Починале:

1744  Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар.
1837  Џон Филд — ирски композитор од романтизмот.
1862  Димитрија Миладинов — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник.
1931  Ана Павлова — руска балерина.
1939  Матијас Зинделар — австриски фудбалер.
1944  Едвард Мунк — норвешки експресионистички сликар.
1989  Салвадор Дали — шпански сликар.
1995  Вањо Хаџиев — повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“.
1980  Ернст Оцвирк — австриски фудбалер.
2000  Александар Христовски — македонски писател.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич