Википедија:Избрана слика/2018/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец октомври 2018 година.


1 октомври 2018 2 октомври 2018
Heiligengrabe, Kloster Stift zum Heiligengrabe, Abtei, Fenster im Dormitorium -- 2017 -- 9972.jpg
Прозорец на Манастирот на Светиот Гроб во Хајлигенграбе, Бранденбург, Германија.
Monrepos 0550.jpg
Остров во паркот Монрепо, Виборг, Русија.
3 октомври 2018 4 октомври 2018
Basílica de Nuestra Señora de Licheń, Stary Licheń, Polonia, 2016-12-21, DD 33-35 HDR.jpg
Базиликата „Пресвета Богородица Лихењска“ во Лихењ Стари кај Коњин. Ова е најголемата црква во Полска и меѓу најголемите во светот.
HVB-Tower Munich, June 2017.jpg
Нагорен поглед на кулата „Хипоферајнсбанк“ (HVB) во Минхен.
5 октомври 2018 6 октомври 2018
Kopenhagen (DK), Peblinge-See, Søpavillonen -- 2017 -- 1453.jpg
Павилјонот на езерото Пеблинге во Копенхаген, Данска.
Juvenile Nubian ibex in Mitzpe Ramon (40409).jpg
Млад нубиски козорог (Capra nubiana) во Мицпе Рамон, Израел.
7 октомври 2018 8 октомври 2018
Santorin (GR), Fira -- 2017 -- 2598.jpg
Маса и столчиња во традиционални бои. Фира, Санторини, Грција.
Mausoleo de Shah Cheragh, Shiraz, Irán, 2016-09-24, DD 32.jpg
Мавзолејот „Шах чераг“ (Крал на светлината) — гробница и џамија во Шираз, Иран, почивалиште на шиитските браќа прогонувани од Абасидите и едно од најсветите места во шиитизмот.
9 октомври 2018 10 октомври 2018
Северное окончание Нижнего Шавлинского озера (2).jpg
Долното Шавлинско Езеро на Алтајските Планини, Русија.
Leptosia nina-Kadavoor-2017-05-04-001.jpg
Психа (Leptosia nina) — мала пеперутка од семејството на зелкарите (Pieridae) која живее во Азија.
11 октомври 2018 12 октомври 2018
Nokia Networks Munich Office, April 2017 -02.jpg
Нагорен поглед во внатрешноста на кулата на „Нокија нетворкс“ во Минхен.
Santorin (GR), Ia, Vier Glocken -- 2017 -- 2720-6-2.jpg
Четири ѕвона во селото Ија, Санторини, Грција.
13 октомври 2018 14 октомври 2018
Alexander Hamilton Custom House Collector's Room ceiling (40511s).jpg
Таваница на ЦаринарницатаАлександар Хамилтон“ во Менхетн, Њујорк.
Plaza de la República, Ereván, Armenia, 2016-10-02, DD 113-114 HDR.jpg
Вечерен поглед на Историскиот музеј на Ерменија на плоштадот „Република“ во Ереван.
15 октомври 2018 16 октомври 2018
Yellow-billed shrike (Corvinella corvina corvina).jpg
Жолтоклуно свраче (Corvinella corvina corvina) од Гамбија. Сврачињата ги наденуваат уловените инсекти на трња и други острини како залиха за подоцна.
Pesenbach Kirche Innenraum 01.jpg
Внатрешност на селската црква „Св. Леонард“ во Пезенбах, Фелдкирхен на Дунав, Горна Австрија.
17 октомври 2018 18 октомври 2018
Sphinx at Universitetskaya Embankment (img1).jpg
Една од сфингите на Универзитетскиот кеј во Санкт Петербург, Русија.
Dülmen, Kirchspiel, Börnste, Feld -- 2017 -- 3171.jpg
Треви на зора во селцето Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
19 октомври 2018 20 октомври 2018
Pyrus pyrifolia fruit on tree PS 2z LR.jpg
Зрели кинески круши (Pyrus pyrifolia) од сортата „Раџа“ во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД.
Iglesia de La Compañía, Quito, Ecuador, 2015-07-22, DD 149-151 HDR.JPG
Кораб на Исусовската црква во Кито, Еквадор. Исклучителен пример за шпанскиот барок во Америка и важи за најубавата црква во земјата.
21 октомври 2018 22 октомври 2018
Aciagrion occidentale-Kadavoor-2017-05-08-001.jpg
Зеленопругеста тенка стрелка (Aciagrion occidentale) — вид вилинско коњче од Индија и Шри Ланка.
Adam Thoroughgood House - South LR.jpg
Куќата на Адам Тороугуд (изг. ~ 1719 г.) — истакнат првонаселеник во Вирџинија Бич.
23 октомври 2018 24 октомври 2018
Dülmen, Kirchspiel, Börnste, Felder und Bäume -- 2017 -- 3220-6.jpg
Изгрев во селцето Бернсте кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Moscow State University crop.jpg
Главната зграда на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ на Врапчевите Ридови во Москва.
25 октомври 2018 26 октомври 2018
Rose Garden - NATO Vista Bridge 3 NBG LR.jpg
Мост во ботаничката градина на Норфолк, Вирџинија, САД.
Machu Picchu, Perú, 2015-07-30, DD 47.JPG
Живеалишта во Мачу Пикчу — утврден град на Инките од XV век во денешната покраина Урубамба, Перу.
27 октомври 2018 28 октомври 2018
Black-headed lapwing (Vanellus tectus tectus).jpg
Црноглава калуѓерка (Vanellus tectus tectus) во Сенегал.
Jovian Tempest.tif
Силна бура на Јупитер сликана на поминување од леталото „Јунона“ (НАСА).
29 октомври 2018 30 октомври 2018
Kopenhagen (DK), Kastell von Kopenhagen, Kommandantgården -- 2017 -- 1594.jpg
Дом на заповедникот во утврдувањето Кастелет, Копенхаген.
Fission bomb assembly methods mk.svg
Два можни склопа на нуклеарна бомба.
31 октомври 2018
Heiligengrabe, Kloster Stift zum Heiligengrabe, Stiftskirche -- 2017 -- 9969.jpg
Олтар во лутеранскиот Манастир на Светиот Гроб („Хајлигенграбе“) во Бранденбург. Денес е Ден на реформацијата во Германија и Австрија.

Намена

  • Избрана слика на главната страница за месец октомври 2018 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот