Германци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Знаме на Германија

Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.

Најголемиот број Германци живеат во Германија (75 милиони). Од вкупно 100 милиони зборувачи на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.

Германците како тема во книжевноста

Во своето дело „Ecce homo“, германскиот филозоф Фридрих Ниче вели дека „без сомнение, Германците се идеалисти“,[1] но зборува и за „нивното невоспитување in historicis“,[2] тврдејќи дека тие ги имаат на душа „сите големи културно злосторства во текот на четири столетија“, а сето тоа предизвикано од нивниот „кукавичлук пред реалноста“.[3] Воопшто, Ниче се смета себе за „презирач на Германците par excellence“,[4] велејќи: „Германците за мене се невозможни“.[5]

Наводи

  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 142.
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 143.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 145.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 147.
  5. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 148.